Македонскиот првак Шкендија игра без голови против Јагиелонија по првото полувреме во рамките од третото коло во Конференциската лига на УЕФА. Гостите од Полска ја имаат фаворитската улога, но македонскиот првак успешно парира по првиот дел.

Гостите имаат две третини од поседот на топката во своите нозе, создадоа и повеќе шанси, но ремито е најреален резултат по првото полувреме.

