УЕФА за в понеделник ја има закажано ждрепката за плејофот во Лигата на шампионите, кога Шкендија ќе дознае со кого би се борела за влез во европската елита доколку го елиминира Карабах, а и со кого би играла ако испадне од Азербејџанците.
Ако Шкендија го мине и Карабах, ќе има 10 можни ривали, а на ждрепката ќе се дознае кој победник од петте двобои би би бил потенцијален противник и последна пречка пред влезот во ЛШ.
Шкендија ќе може да го добие победникот од Малме – ФК Копенхаген, победникот од Лех – Црвена ѕвезда и подобриот од Лудогорец – Ференцварош. Тука се Бодо/Глимт и Селтик. Победниците од Каират – Слован Братислава или Динамо Киев – Пафос треба да бидат меѓу неносителите при ждрепката, како и Базел и Штурм.
Ако испадне од Карабах, Шкендија ќе игра плејоф за влез во лигашката фаза на Лигата на Европа. Најлошата варијанта е да испадне и од таму и да влезе во Конференциската лига.