22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Шкендија вечерва игра меч за пет милиони евра, доволно е да не загуби во Букурешт

Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва од 19:30 часот во Букурешт ќе го игра реванш-мечот од второто квалификациско коло против ФЦСБ за пласман во Лигата на шампионите. Шкендија во Романија замина со предност од 1:0 стекната на првиот меч кој минатата недела се играше во Скопје.

За Шкендија ова е историски дуел затоа што има голема шанса вторпат да стигне до третото квалификациско коло од ЛШ. Доволно е тетовци да не загубат и ќе се радуваат на крајот.

Вечерашниот меч има и огромна финансиска мотивација затоа што според пресметките, Шкендија ќе заработи пет милиони евра доколку успее да го елиминира романскиот тим.

Со пласман во третото квалификациско коло од ЛШ, Шкендија потоа дури и да биде елиминирана, ќе си обезбеди место во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Доколку Шкендија го елиминира ФЦСБ, ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Карабаг и Шелбурн. Доколку испадне, следен ривал на Шкендија ќе биде Дрита од Косово.

- Оглас -

Најнови вести