7.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Шкендија вечерва ќе испише историја, и тоа во Мадрид, но „светско чудо“ ќе биде ако не загуби

Тетовската Шкендија е вториот македонски клуб по Вардар што ќе настапи во групна фаза од европско натпреварвање на УЕФА. Актуелниот македонски првак сезонава е дел од лигашката фаза во Конференциската лига, а вечерва ќе го игра првиот меч, и тоа на гости кај Рајо Валјекано во Мадрид.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, е свесен дека пред тетовските Црвено-црни има голем предизвик затоа што Рајо е тим кој се натпреварува можеби во најсилната лига во светот, шпанската.

„Играме против една екипа која е дел од шпанската Ла Лига, којашто, според мене, е можеби најдобра лига во Европа и во светот. Ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот, да се презентираме што е можно во подобро светло и да го презентираме македонскиот фудбал. Ќе биде многу тешко, за нас е ова едно големо искуство и од овој меч не може да излеземе како губитници, туку ќе бидеме побогати за едно големо искуство“, рече Беќири.

Според квотите кои се нудат на сите мечеви кои вечерва ќе се играат во Лигата на Европа и во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија е убедливо најголем аутсајдер, но во фудбалот знае да се случат чуда, па секако дека и Шкендија нема предвреме да се предаде во дуелот со апсолутниот фаворит.

- Оглас -

Најнови вести