Со победата над ФЦСБ, Шкендија обезбеди европска есен и играње минимум во Конференцската лига, а може да се пробие и до Лигата на шампионите или Лигата на Европа.
Сега македонскиот првак го чекаат дуели со Карабах од Азербејџан. Ако го мине Карабах, Шкендија ќе има гарантирано место во Лигата на Европа и осум меча во второто по квалитет натпреварување во Европа. Ако биде елиминирана, ќе игра бараж за влез во Лигата на Европа. Пораз во тој бараж ја носи Шкендија во главата фаза од Конференциската лига, каде што ќе има гарантирани шест меча.
Списокот на екипи кои ќе играат во Конференциската лига е прилично богат. Таму сигурно ќе има тимови од топ 5 лигите како: Фиорентина, Кристал палас, Рајо Ваљекано, Мајнц и Стразбур, но може да има и други звучни имиња како: АЗ Алкмар, Спарта Прага, Лудогорец, Панатинаикос, Бешикташ, Риека, АЕК, Абердин, итн.