1.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Шкендија во плејофот ќе игра против ривал од Турција или од Полска

Шкендија е првиот македонски клуб кој ќе презими во европските купови. Тетовскиот клуб заврши на 22-рото место на табелата во Конференциската лига и на тој начин обезбеди место во плејофот за пласман во осминафиналето.

Тоа значи дека Шкендија во Новата година ќе влезе како дел од европската елита. На 16 јануари македонскиот првак ќе го чека името на следниот ривал во нокаут-фазата. Според финалниот распоред на табелата, јасно е кои се можните ривали на Шкендија. Тоа се двете екипи кои завршија на 11-тото и на 12-тото место на табелата, а тоа се Самсунспор или Лех Познањ.

Првиот меч на кој Шкендија ќе биде домаќин ќе се одигра на 19 фервуари, а реваншот ќе биде седум дена подоцна на теренот на противникот, а тој ќе биде или Самсунспор или Лех.

- Оглас -

Најнови вести