Шкендија во второто коло може да игра со Слован Братислава, а Вардар со Шемрок, Санта Клара, Балкани…

Во текот на денешниот ден ќе бидат одредени и евентуалните ривали на македонските претставници во второто квалификациско коло во европските фудбалски натпреварувања. Ждребот за ЛШ е закажан за 12 часот, а за Конференциската лига ќе се одржи во 14 часот.

Шампионот Шкендија доколку го победи ТНС, би можела да игра против Слован Братислава, Карабах, како и со победниците од мечевите ФЦСБ – Интер Клуб Десалдес и Олимпија Љубљана – Каират.

Има опција и доколку загуби, тогаш ќе биде носител во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Во ова натпреварување Македонија има три претставника.

Вардар има голема шанса да ја елиминира Ла Фиорита од Сан Марино, а потоа би можел да игра со Шемрок, Санта Клара, Балкани, Данди јунајтед и Лозана.

Силекс ако го елиминира Дечиќ од Црна Гора, може да налета на Рапид, Јагелонија, Универзитатеа Крајова, како и победниците од дуелите Атлетик Клуб Десалдес – Дуделанж и Биркиркара – Петрокаб.

Работнички ако го елиминира белорускиот Торпедо-Белаз, ќе може да се соочи со Макаби Хаифа, Арарат, Австрија Виена, Пушкаш Академија и победникот од мечот Борац Бања Лука – Санта Колома.

 

 

- Оглас -

Најнови вести