Шкендија знае на што е, ако ја елиминира Рига, ќе има ривал од Малта

Малтешкиот тим Хибернијанс го елиминира Фолгоре од Сан Марино и ќе биде идниот противник на тетовска Шкендија во квалификациите од Конференциската лига доколку македонскиот првак ја прескокне незгодната Рига од Летонија, од која Црвено-црните на првиот меч на гости загубија со 0-2.

Играњето со тим од Малта во наредното коло треба да биде мотивација за Шкендија да го надомести минусот од два гола против Летонците. Инаку, Хибернијанс вечерва дома славеше со пресврт од 4-2 против Фолгоре, иако тимот од Сан Марино на полувреме водеше со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести