Шкот не ја поднесува Англија, пред куќата имаше српско и данско знаме, во вторник ќе закачи словенечко

Еден шкотски навивач во дворот од куќата го смени знамето на својата земја со знамиња на ривалите на Англија на Европското првенство.

Така пред првото коло го постави знамето на Данска, а пред дуелот со Србија, ја вееше српската тробојка. Очигледно е дека овој човек органски не може да ја поднесе англиската репрезентација. Нема прилика да се радува на победи на Шкотска, и сега се надева дека барем Англија ќе губи и нема да ја освои титулата.

Неговите соседи направија фотографии кои станаа вирални на социјалните мрежи. Една работа е сигурна, во вторник на јарболот ќе биде словенечкото знаме, со оглед на тоа дека противник на Англија е Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести