Македонските фудбалски надежи до 17 години одиграа нерешено против врснаците од Шкотска и тоа на гостински терен. На крајот, дуелот заврши 2:2.
Мечот започна со едноминутно молчење во чест на загинатите во трагичната несреќа која се случи во Кочани во неделата рано наутро. Во Македонија има седумдневна жалост поради многуте починати и повредени, па затоа, идејата на нашата репрезентација во Шкотска била да игра со темни дресови.
Сепак, познато е дека Шкотите како домашни дресови ги имаат дресовите во темно-сина комбинација, па решија да не остапат од тоа на свој терен да играат во домашната гарнитура. Едноставно домаќините не покажаа грам емпатија за тагата која владее во Македонија поради трагедијата, па нашите фудбалери на теренот се појавија во бели дресови.
На крајот, избранците на селекторот Димитар Капинковски одиграа нерешено.