Шкотите немаа шут кон голот на Англија, па Мегваер им покажа како треба (Видео)

Да не беше малерозниот Англичанец Хари Мегваер, кој во последните сезони реди киксеви на клупски и репрезентативни мечеви, Шкотска тешко дека ќе постигнеше гол на пријателскиот натпревар со соседот Англија.

Шкотите немаа шут кон голот на противникот и тогаш на сцена стапи Мегваер, кој влезе во игра на стартот на второто полувреме и во 67-мата минута по центаршутот на Енди Робертсон, си постигна автогол, измамувајќи го својот голман Арон Рамсдејл.

Шкотските навивачи по ова почнаа да го скандираат името на Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести