16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Шкотите уриваат вековна традиција со едно чудно фудбалско правило

Чудна одлука донесе шкотската фудбалска асоцијација што урива една вековна традиција позната на Островот, а забранета е играта со глава во младинските категории.

Шкотите како и сите останати фудбалски селекции од Велика Британија имаат долга традиција во најважната споредна работа на светот, а се познати по доминацијата во скок-играта, што ја негуваат со векови.

Но, сега тргнаа по примерот на Американците и ја забранија играта со глава во најмладите фудбалски категории. Тоа ќе се однесува на деца до одредена возраст, односно на нивните почетоци во фудбалската игра.

Причината се истражувањата кои покажауваат дека ударите со глава им штетат на фудбалерите и предизвикуваат проблеми со функционирањето на мозокот, па одлуката на шкотската ФА веќе треба да стапи на сила од оваа година.

- Оглас -

Најнови вести