Ќе „грми“ во Глазгов, а шарм ќе додадат и дуелите од „преку океанот“

6111 Шкотска – Украина (20:45 ч.)

Пред помалку од четири месеци, Украина победи со 3:1 во Глазгов против Шкотска во полуфинале од бараж за пласман на СП 2022 година, а сега играат во Лигата на нациите. Украина има примено само еден гол во трите средби досега од групната фаза, а Шкотите сега ќе сакаат да се реваншираат.

На девет од последните 10 меча кога игра Шкотска имало барем два или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.10)

 

4601 Кортулуа -Депортиво Кали (21 ч.)

Две најслаби екипи во првенството на Колумбија коишто имаат само по една победа во 12 кола. Депортиво Кали ја има убедливо најслабата одбрана, но Кортулуа е со очаен напад и даде само осум погодоци сезонава.

Овој меч ќе биде шанса за двете екипи, а традицијата вели дека Депортиво има седум победи, едно реми, а Кортулуа се радувала само двапати. Девет од овие 10 меча биле со 2+ погодоци.

Предлог тип:  1-3 I& 1-3 II (1.99)

 

4600 Ла Еквидад – Пасто (23:05 ч.)

Ла Еквидад е тим кој тешко губи дома, а ова е екипа која се специјализира за нерешени средби и има седум ремија во 12 кола.

На последните три меча на овие два тима немало повеќе од два погодци, па и сега тешко е да се очекуваат многу возбудувања.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.74)

 

4762 Мунисипал Греција – Гуанакастеса (19 ч.)

Домаќинот ја има улогата на фаворит затоа што против себе го има најслабиот ривал во првенството на Костарика. Греција има 16 средби по ред на кои не одиграл нерешено.

Гуанакастеса има постигнато само шест погодоци во 12 кола и лошата ефикасност е најголем проблем за гостите, кои тешко дека може да се вратат непоразени од овој меч.

Предлог тип: 1 (1.86)

 

4662 Албион – Ла Луз (20:30 ч.)

Дуел од Купот на Уругвај во кој домаќинот е фаворит. Албион е прволигашка екипа која игра солидно, додека Ла Луз е дел од втората лига со амбиции да влезе во елитата.

Албион е екипа која игра дефанзивно и главна цел е да не прими гол, па затоа не случајно на осум од последните девет меча игра со не повеќе од два гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести