Шкотска и Швајцарија по 40-тина години чекаат победа над вечерашните ривали

6103 Полска – Хрватска (20.45 часот)

На Полјаците им одговара само победа ако сакаат да влезат во плејофот во Лигата на нации бидејќи имаат три бода помалку од Хрватска. Во досегашните три кола, Хрватска има две победи и еден пораз, а Полска една победа и два порази. Нивниот прв меѓусебен дуел минатиот месец во Осиек заврши со 1-0 со гол од слободен удар на Модриќ. Пред три дена, Полска загуби дома од Португалија, додека Хрватите славеа тесно 2-1 против Шкотска. На досегашните четири меѓусебни дуели на овие селекции, никогаш немало повеќе од еден гол.

Предлог тип: НГ (1.91)

 

6712 Шкотска – Португалија (20.45 часот)

Шкотите имаат црна серија од седум меча по ред без победа и само една на последните 15 мечеи. Шкотска нема ниту еден, а Португалија е на максимални 9 бода после три кола. Вака гледано, гостите се апсолутни фаворити. Во септември во Лисабон, Португалците одвај ја победија Шкотска со 2-1 со гол на Кристијано Роналдо во финишот. Последната победа на Шкотска над Португалија беше пред 44 години.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.97)

 

6105 Шпанија – Србија (20.45 часот)

Европските шампиони имаат многу проблеми со повредите, но за нивна среќа имаат и огромен број на квалитетни фудбалери, па отсуството на некои од ѕвездите може да биде делумно покриено. Шпанците не успеаја да ја победат Србија во Белград, беше 0-0, а сега се домаќини и фаворити на хартија. Нашите северни соседи во сите три кола одиграа неефикасно со 0-2 гола, а по триумфот над Швајцарија ќе пробаат да ја шокираат Црвената фурија.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.12)

 

6104 Швајцарија – Данска (20.45 часот)

Швајцарција нема ниту еден бод после три кола и вечерва им е последна шанса да го фатат возот за спас од испаѓање во Лига Б бидејќи претпоследната Србија им бега четири бода. Швајцарците во трите меча дадоа само еден, а примија 8 гола, два или повеќе на секој меч. Данците примија само еден гол и тоа пред некој ден на гостувањето кај Шпанија. Швајцарија пред 40 години ја извојува првата и засега единствена победа над Данска.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.98)

 

6713 Северна Ирска – Бугарија (20.45 часот)

Ова е дуел од Лигата Ц и тоа дуел на два од трите тима кои се борат за првото место во својата група, заедно со Белорусија. Во ова група досега се играше екстремно неефикасно, по три кола Бугарите имаат гол-разлика 1-0, а Северна Ирска гол разлика 1-2. Во септември, Бугарите дома ја победија С. Ирска со 1-0 и тоа е нивниот единствен гол во овој циклус. Северна Ирска дома тешко прима голови, а Бугарите на гости имаат серија од пет ремија по ред. Нивната последна победа на гости на официјален меч беше во Скопје во септември 2022 година.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.79)

- Оглас -

Најнови вести