Фудбалската федерација на Шкотска ќе го примени правилото на Американците, да им се забрани на децата до 12 години да удираат топка со глава. Новото правило ќе стапи на сила во следните неколку недели известуваат тамошните медиуми, инаку окарактеризиран како потег со кој би се добила битката со деменцијата која се појавува кај поранешни фудбалери.
Иако не е сосема докажано дека оваа болест директно влијае врз здравјето на пензионирани играчи, еден шкотски експерт кој е дел од ова истражување тврди дека поранешните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да починат или заболат од деменција. Затоа се преземаат секакви мерки, а забраната за децата кои се помали од 12 години да удираат топка со глава е само еден од чекорите во оваа битка.
Инаку, ова правило во САД е воведено од 2015 година, а Шкотска ќе биде првата европска земја која одлучи да го примени.