14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Шкотска има перфектен биланс, но речиси сигурно вечерва ќе загуби

6710 Шпанија – Шкотска (20:45 ч.)

Репрезентацијата на Шпанија е под притисок дека треба да победи против Шкотска во квалификациите за ЕП 2024 година. Шкотите играат перфектни квалификации и во пет меча имаат исто толку победи и само еден примен гол, па заслужено се први на табелата.

Шпанија загуби на гости во Глазгов, а сега ќе се обиде да се реваншира на стадионот во Севилја. Црвената фурија на последните два меча во квалификациите победуваше убедливо со 6:0 и 7:1, па сега се очекува да продолжи таа убедлива игра.

Предлог тип: 1&3+ (1.90)

 

6049 Колумбија – Уругвај (22:30 ч.)

Во Јужна Америка започнаа квалификациите за пласман на СП 2026 година, а Колумбија е селекција која дома секогаш атакува на освојување бодови. Уругвај е еден од поопасните ривали, а интересно е дека последните два меѓусебни дуела завршиле 0:0.

Колумбија на последните четири меча не прими ниту еден гол, што покажува за колку цврста одбрана се работи.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.04)

 

6709 Фарски Острови – Полска (20:45 ч.)

Фудбалот во Фарски Острови е во подем во последните неколку години, но сепак оваа селекција е убедливо последна во групата од квалификациите за ЕП. Полска е во криза и многу лесно може да се случи да не оди на завршницата на континенталниот собир, но едноставно гостите мора да победат на овој дуел.

Гостите уште од самиот почеток ќе треба да тргнат во офанзива, па треба да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

6707 Хрватска – Турција (20:45 ч.)

Дуел на двете првопласирани екипи во групата и главни фаворити да играат на ЕП 2024. Хрватите во четири меча примија само еден гол, а Турција игра без многу калкулации.

Во 10 меѓусебни дуели, Хрватска има четири победи, Турција се радувала само еднаш, а дури петпати било нерешено.

Предлог тип: Х-1 (4.15)

 

6708 Албанија – Чешка (20:45 ч.)

Албанија е на чекор од пласман на ЕП. Оваа селекција е лидер со 10 бода од пет меча, а Чешка е втора со осум бода од четири дуели. Двете селекции играат дефанзивно, а пред еден месец во Прага одиграа 1:1.

Силата на Албанија се потврди и со победата над Полска од 2:0, па сега пред своите навивачи ќе се обидат да го победат и денешниот ривал.

Предлог тип: 0-2 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести