6702 Данска – Шкотска (20.45 часот)
Данците се беспрекорни во овој циклус, во првите три кола освоија максимални 9 бода, со импресивна гол-разлика од 14-0. И Шкотска нема пораз, но од трите меча собра пет бода, што во моментов ги сместува на второ место во групата. Втората позиција води во бараж. Шкотите не се прославија на ЕВРО, иако играа и дома, за разлика од Данска која тргна лошо, но потоа покажа што знае. Домашниот терен е големата предност на Данците, а традицијата на нивните дуели со Шкотска најавува малку голови.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.15)
6705 Франција – БиХ (20.45 часот)
Французите се големи фаворити, а интересно е што во групата Д, Франција е единствената селекција која има победа, додека другите четири селекции уште немаат триумф. Франција освои 7 бода во првите три меча, но тоа беа неубедливи игри на светскиот првак. Босанците одиграа два меча и освоија еден бод, а тие на 31 март загубија дома од Галските петли, па тешко дека може да се реваншираат.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.58)
6709 Норвешка – Холандија (20.45 часот)
Ова е дуел на две селекции кои со Турција и Црна Гора ќе водат голема битка за првите две места. После три кола, и Норвежаните и Холанѓаните имаат по 6 бода, и едните и другите губеа од Турција. Лалињата неславно го завршиа настапот на ЕП, а последниот официјален меч на Норвешка беше триумфот кај Црна Гора од 1-0 во март. Овие тимови повеќе од десет години не играле една против друга, Норвешка цели 29 години не знае за победа над Холандија.
Предлог тип: 1-3 гола (1.49)
6704 Русија – Хрватска (20.45 часот)
Дерби во групата Х помеѓу првопласираните две селекции. Хрватите тргнаа со пораз од Словенија, па ги победија Кипар и Малта, но не блескаа, додека Русија после двете победи, загуби од Словачка. Русите дома се прилично незгодна репрезентација, а Хрватска на ова гостување нема да смета на Модриќ. Коцкестите две години не знаат за победа на гости на официјален меч, и според повеќе показатели, нивна победа во Москва би била изненадување. Русите немаат заборавено кој ги елиминираше на пенали на СП во нивната земја во 2018 година.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.35)
6712 Португалија – Република Ирска (20.45 часот)
Ирците немаат бод, тие си дозволија голем кикс и пораз од Луксембург. Иако Ирска знае да биде опасна кога против голема репрезентација, сепак би било изненадување ако слави или освои бод во Фаро на стадионот Алгарве. Португалија има доволно голем индивидуален квалитет за да триумфира и да се зацврсти на првото место во групата во која главен ривал им е Србија. Овие селекции последен пат се сретнаа на пријателски меч пред седум години и Португалците победија со 5-1.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)