Шкотска со неверојатен пресврт го доби „трилерот“ против Израел (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шкотска со 3:2 ја победи Израел во неверојатен меч исполнет со пресврти. Домашната селекција во два наврати губеше, промаши пенал но на крајот успеа да се израдува на пообедата.

Херојот на домаќините беше Скот Мектоминај кој даде гол во 94 минута.

Но, да тргнеме од почеток. Израел поведе со голот на Захави во петтата, а во 30. минута Џејмс Мегин донесе израмнување, за само неколку мигови подоцна гостите пак да дојдат до предност од 1:2 со погодокот на Дабур.

Во последните мигови од првиот дел, Шкотска преку Дајкс не успеа да реализира пенал, а истиот играч во вториот дел се „извади“ и израмни на 2:2.

Веќе споменатиот Мектоминај е херојот на Шкотите кои со оваа победа се осамостоија на второто место во групата Ф со 14 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести