Шкотскиот Хибернијан неочекувано загуби во Андора, но се спасуваше од уште поубедлив пораз

Екипата на Интер д‘Ескалдес од Андора приреди изненадување со победата од 2-1 над шкотскиот Хибернијан, а победата можеше да биде и поубедлива ако домашните не примеа гол во 91-вата минута.

Попладнево победа извојува и Дебрецин на гостувањето кај Алашкерт во Ерменија. Унгарците славеа со 1-0, стрелец на голот беше Црногорецот Лончар, а асистент му беше македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски.

Од непријатност се извлече и Легија Варшава, која губеше 0-2 против Ордабаси од Казахстан, но на крајот остана непоразена.

- Оглас -

Најнови вести