22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Шкотскиот гигант може да дојде на мегдан против Шкендија

Македонскиот првак Шкендија може да игра против шкотскиот гигант Селтик во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. На денешната ждрепка во Нион беше одлучено дека доколку тетовци успеат да го поминат тимот на Номе Кајлу од Естонија во првото коло, следен ривал ќе им биде подобриот од двомечот меѓу Сараево и Селтик.

Селтик е шкотски гигант кој во својата историја има неверојатни 50 титули во домашното првенство. Првиот меч од второто квалификациско коло ќе се игра на 23/24 јули, додека реваншот е закажан за 30/31јули. Првиот меч ќе се игра во Шкотска, додека реваншот е на терен на Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести