Дејвид Маршал, голманот на репрезентацијата на Шкотска, стана хит на социјалните мрежи поради реакцијата која ја имаше по одбранетиот пенал на Александар Митровиќ во петтата серија на синоќешниот бараж во Белград. Со тој одбранет пенал, Шкотска се пласираше на ЕП, но за разлика од играчите кои веднаш почнаа да слават, на голманот Маршал му се случуваше драма од неколку секунди.
Тој беше во очај, ја чекаше одлуката на судијата Матеу Лахоз дали одбраната важи или пеналот ќе се изведе повторно. Гестикулациите му беа смешни и кога виде дека е крај, одеднаш од очај премина во екстаза и заедно со соиграчите го прослави успехот. Шкотите немаа играно на ЕП уште од 1996 година.
„Не се радував веднаш затоа што се молев судијата да не нареди повторно изведување на пеналот“, изјави 35-годишниот Маршал.
I’m in love with David Marshall’s reaction to his penalty save. The emotion. pic.twitter.com/M9nFwX4LxN
— Mike Minay (@MikeMinay) November 12, 2020