Шкотскиот великан Селтик ќе го добие и четвртиот тренер оваа сезона, откако раководството на клубот му врачи отказ на Вилфред Нанси. Францускиот тренер пристигна во Глазгов пред само 33 дена и тоа како долгорочно решение, но си оди по нешто повеќе од еден месец.
Селтик ја започна сезоната со Брендон Роџерс на клупата, а на негово место како привремено решение седна Мартин О’Нил. На трети декември беше назначен Нанси.
Лидер во првенството на Шкотска е Хартс со 44 бода, по шест повеќе од вечните ривали Селтик и Глазгов Ренџерс, а токму тоа е неприфатливо за раководството на „зелено-белите“.

