Шкупи бара одложување на мечот во Литванија поради проблемите со визата на Хамиди

Управата на Шкупи, во рок од два часа објави две соопштенија поради неможноста на Валид Хамиди да му се извади виза за Литванија каде екипата утре ќе го игра првиот меч во квалификациите за пласман во Лигата на конференции.

Прво, екипата ги нападна ФФМ и македонските власти дека не се ангажирале навреме да му се изјави виза на алжирскиот интернационалец Валид Хамиди, а два часа подоцна, објави ново соооштение во кое бара натпреварот против Хегелман да се одложи.

„Информирани сме дека проблемот што нашиот играч Валид Хамиди го има при добивањето виза е поради тоа што е Алжирец. Во денешниот свет, трагикомично е фудбалер да биде спречен или да задоцнува да учествува на меѓународен турнир поради таква причина. Ова е меѓународен турнир и ова е наш играч. Жално е што политиката има толку негативен ефект врз фудбалот. Не треба да се заборави дека за еден фудбалер е многу битно да учествува во вакво натпреварување. За ова се одговорни оние кои го спречуваат и оние кои не си ја вршат својата должност. Поради овој бесмислен проблем со визата, нашиот клуб испрати барање за одложување на натпреварот до УЕФА бидејќи не е фер кон нас. Исто така, од името на нашиот клуб сакаме да му се заблагодариме на г. Бујар Османи, министер за надворешни работи на Македонија и г. Сервет Јардимчи, член на Управниот одбор на УЕФА, кој се обиде да ни помогне во овој процес“, стои во новото соопштение на Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести