Шкупи без најдобриот напаѓач во ПМФЛ ќе и се спротистави на Победа

Сандеј Адетунџи нема да биде дел од составот на Шкупи против Победа, откако Нигеријецот побара трансфер. Најдобриот напаѓач во нашата лига, кој минатата сезона постигна 20 погодоци бара од управата на првакот да биде продаден.

Можеби сето тоа претставува одлична можност да се одигра од нула до два погодоци, за што има квота од 2.75 во Sport Life, во еден од петте мечеви во рамките од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Покрај средбата во Чаир, Академија Пандев ќе го дочека Скопје на свој терен во истиот термин, додека Шкендија ќе гостува кај Тиквеш 1930.

- Оглас -

Најнови вести