Шкупи донесе цел тим нови засилувања, а меѓу нив и Јапонец и Сенегалец

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи доведе цел тим на нови засилувања за новата сезона, објавувајќи ги непосредно пред почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига.

Се чини дека меѓу нив најзвучни се имињата на Канда Јумеми, јапонскиот интернационалец кој е офанзивен играч за врска, и на Сенегалецот Ел Хаџи Гуеје, кој има настапувано и за Мускрон и за Лил.

Нови фудбалери на Шкупи се и Демир, потоа Џелил Асани, Кристијан Блажевски, Емир Асани, Флоријан Кадриу, Георг Стојановски, Нуман Ајетовиќ, и голманот Амар Мелиќи.

- Оглас -

Најнови вести