Шкупи двапати водеше, но не го победи Фенербахче (Видео)

Македонскиот првак Шкупи одигра 2-2 против турскиот гигант Фенербахче во пријателски натпревар попладнево.

Ова беше прв меч на Жорж Жесус како тренер на Фенер, но неговиот тим се спасуваше од пораз од екипата на Гоце Седлоски.

Во првото полувреме Шкупи поведе со 1-0, со гол на Сандеј Адетунџи, но по неколку минути изедначи новиот играч на Фенер, Линколн Енрике. Само што почна вториот дел, Шкупи повторно поведе со гол на Адентунџи, а конечните 2-2 ги постави Ѓумушкаја во 82-рата минута.

Ова се головите на Шкупи:

- Оглас -

Најнови вести