Шкупи ќе се обиде со победа против Брегалница денеска од 14 часот да ја продолжи импресивната серија успеси на својата тврдина во Чаир и да се зацврсти на врвот на табелата.
Премиерниот меч од 12-тото коло во Првата македонска лига е вистински тест за двете екипи, кои имаат долга историја на меѓусебни натпревари.
Штипјани нанижаа три победи и сега се разбудија и европските амбиции, а за тоа ќе им треба да останат непоразени во Скопје, но имаат и една незгодна традиција против Шкупи.
Како гистин на Чаир, Брегалница нема победа од 2005 година, а моментно Шкупи е единствената екипа во Првата лига што има максимален учинок од пет победи како домаќин.
Чаирчани со победа денеска ќе ја задржат предноста од најмалку пет бода пред Ренова и Академија Пандев, а со секаков исход ќе останат лидери на табелата. Моментно имаат 26 бода од 11 натпревари, додека Брегалница е на четвртото место со 19.
Утре од 14 часот се играа преостанатите пет натпревари од 12-тото коло.
Двојки:
Шкупи – Брегалница, петок 14 часот
Струга – Академија Пандев, сабота 14 часот
Борец – Работнички, сабота 14 часот
Пелистер – Македонија Ѓ.П., сабота 14 часот
Шкендија – Тиквеш, сабота 14 часот
Скопје – Ренова, сабота 14 часот
Табела: Шкупи, 26, Ренова и Академија Пандев по 21, Брегалница 19, Шкендија 17, Струга, Работнички и Скопје по 15, Македонија Ѓ.П. 11, Борец 8, Тиквеш 6 и Пелистер 4 бода.