Екипите на Шкупи и Тиквеш денеска ќе ја започнат полуфиналната битка во Купот на Македонија. Шкупи сезонава е најдобриот тим кога се работи за настапи на домашен терен. Чаирчани во првенството имаат 11 победи и само две нерешени без ниту еден пораз, па очекувано е скопскиот тим да ја има фаворитската улога.
Сепак, Тиквеш во Скопје доаѓа со свои калкулации. Кавадарчани во последните три меча против Шкупи останаа непоразени (0:0, 1:1, 0:0) и сакаат оваа традиција да продолжи.
Утре се игра и првиот меч од второто полуфинале во Купот, а Воска Спорт ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров.