Шкупи вечерва од 21 часот во Скопје го почнува последниот квалификациски двомеч за историски клупски успех и прв настап во фаза по групи во Европа.
Косковскиот Балкани е последната пречка за настап во Конференциската лига, а двомечот ќе реши чиј шампион ќе продолжи во Еврокуповите.
Чаирчани, што е најинтересно, ќе го играат првиот и последен квалификациски двомеч за Конференциската лига бидејќи претходно во овој циклус играа квалификации за Лигата на шампионите и испаднаа од Динамо Загреб, а потоа во филтер рундата за настап во Лигата на Европа загубија два меча од Шемрок.
Сега имаат трета шанса за настап во фаза по групи, што би бил историски клупски подвиг.
Досега од македонските претставници само Вардар во 2017 година играше во фаза по групи, и тоа во Лигата на Европа, која е за еден ранг погоре од Конференциската лига.
Реваншот меѓу Балкани и Шкупи ќе се игра во Приштина за една седмица.