Фудбалерите на Шкупи се последни полуфиналисти во Купот на Македонија откако денеска со 1:0 го совладаа Работнички.
Мечот требаше да се игра вчера, но поради големите врнежи, беше одложен за денеска и Шкупи дојде до минимален триумф.
Голот кој го однесе Шкупи во полуфиналето го постигна Младеновски во 15-тата минута.
Вчера пласман во полуфиналето на Купот на Македонија обезбедија бранителот на трофејот Македонија ЃП, која со 1:0 го совлада Силекс, Воска спорт, која исто така оствари минимална победа над Брегалница, како и Тиквеш, кој по подобро изведување на пенали, беше подобар од Брера Струмица.