Шкупи е разигран и ефикасен,но денеска лидерот во Првата македонска лига ќе биде на сериозен тест во Ѓорче Петров на терен на кој не дал гол повеќе од 270 минути.
Македонија се надева дека ќе го примени успешниот рецепт со кој не им дозволи на Чаирчани да им ја затресат мрежата на последните три гостувања.
Шкупи е мапина за голови и најефикасниот тим во нашата лига со 26 гола на 12 меча, а ја има и најдобрата одбрана со само 7 примени погодоци и заслужено е на врвот на табелата со 29 бода, дури 15 повеќе од денешниот ривал.
Второто дерби во денешното 13 коло од 13 часот е во Тетово меѓу Ренова и Шкендија. Гипсарите одиграа одличен прв дел од сезоната и со 22 бода се на делба на второто место со Академија Пандев.
Шкендија како актуелен шампион има слаб ефект од 18 бода, за квалитетот што го поседува и ако не победи денеска во градското дерби може да се прости со одбрана на титулата.
Фенерџијата Пелистер во Битола ќе се обиде да ја забележи првата победа сезонава, против Струга Трим Лум, Брегакница му е домаќин на Скопје во дуел на новите прволигаши, Тиквеш го чека Борец на свој терен, а интерсен меч би требало да се игра во Скопје меѓу Работнички и Академија Пандев.
Двојки, 13. коло, 13 часот денеска: Македонија Ѓ.П – Шкупи, Ренова – Шкендија, Работнички – Академија Пандев, Пелистер – Струга Т.Л., Брегалница – Скопје, Тиквеш – Борец.
Табела: Шкупи 29, Ренова и Академија Пандев по 22, Брегалница 19, Шкендија и Рабитнички по 18, Струга и Скопје по 16, Македонија Ѓ.П. 14, Борец 8, Тиквеш 7 и Пелистер 4 бода.