Екипата на Шкупи не дозволи изненадување на свој терен во Чаир и со 3:2 го победи Тиквеш, во меч од 21. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Иако играа без публика, чаирчани продолжија со речиси перфектната низа на домашен терен и стигна до 10 победа во 11 меч (има и едно реми).
Кверен погоди во 41 минута за водство на Шкупи на полувреме. Сандеј Адетунџи зголеми на 2:0 во 57 минута, но гостите не се предадоа. Стојков во 77 минута намали на 1:2, за да во 86 минута Адетунџи повторно биде прецизен за 3:1. Нгоба со погодок во 88 минута намали на 2:3, но Тиквеш немаше сили за трет погодок со кој би се спасил од пораз.
Во корист на Шкупи беше и ремито во Тетово меѓу Шкендија и Академија Пандев. Шкендија сега има 41 бодови, дури 10 помалку од лидерот Шкупи. Академија Пандев остана на третото место со 39 бодови.
Во останатите мечеви, Струга победи на гости кај Борец со 1:0, а победнички од теренот на Скопје си замина и Работнички. Романтичарите со голот на Рушевиќ победија со 1:0.
Дуелот меѓу Пелистер и Ренова ќе се игра утре во Охрид, откако денешниот меч беше одложен поради снежните врнежи во Битола.
Табела: Шкупи 51 бодови, Шкендија 41, Академија Пандев 38, Македонија ЃП 36, Ренова 30 (меч помалку), Брегалница 30, Струга 30, Работнички 28, Скопје 21, Тиквеш 18, Борец 13, Пелистер 5 (меч помалку).