Шкупи го размонтира Линколнот од Гибралтар, веќе мисли на Динамо Загреб (Видео)

Македонскиот првак Шкупи одигра одличен прв меч во квалификациите за Лигата на шампионите и забележа убедлива победа од 3:0 против Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Чаирчани беа расположени за фудбал на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и веќе по првото полувреме покажаа дека се големи фаворити и дека ќе немаат проблем за пласман понатаму.

Мамаду Данфа постигна деби гол за Шкупи во 11-тата минута, а по Сенегалецот, погоди и интернационалецот од Нигерија, Сандеј Адетунџи во 29-тата минута.

Шкупи имаше предност од 2:0 по првото полувреме, но продолжи со сигурна игра и ја зголеми предноста на 3:0 со автоголот на Рој Чиполина во 62-рата минута.

Автоголот на Чиполина можете да го погледнете ОВДЕ.

Реваншот за една седмица на Гибралтар би требало да биде само формалност и добра најава за балканското дерби во второто коло против хрватскиот гигант Динамо Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести