Шкупи и Струга Трим Лум ако ја задржат традицијата, лесно ќе излезе квота од 4.60!

Во последнито меч од 11. коло на македонската фудбалска Прва лига, шампионот Шкупи е домаќин на Струга Трим Лум. Двата тима имаат одиграно по девет меча, а помалку неочекувано, Струга има дури 10 бода повеќе од првакот.

Екипата која игра крај Охридското езеро е убедлив лидер со 25 бодови со осум победи и само едно реми без ниту еден пораз, што значи дека чаирчани ќе имаат голем предизвик за да ги освојат трите бода. Шкупи дома игра ефикасно, но Струга ТЛ има гранитна одбрана, па сезонава прими само три гола, односно по еден гол на секои три средби.

Минатата сезона овие две екипи играа три пати, а традицијата вели дека секогаш било богато со голови. Во двата меча кои се играа во Струга резултатот беше 1:3 и 4:2, а средбата на Чаир заврши 4:0. Доколку и сега се повтори оваа ефикасност, односно да има барем четири погодоци, коефицинетот во Sport Life е одличен и изнесува 4.60.

- Оглас -

Најнови вести