Шкупи имаше шанси, но на пауза оди со негатива од еден гол

Македонскиот вицешампион Шкупи има негатива од 0:1 против Левски по првото полувреме од првиот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

Шкупи можеше да поведе уште на самиот старт, откако Андреев погреши и топката му ја одзеде Хамиди, кој не го погоди празниот гол на Левски.

Левски голот го постигна во 31-вата минута, Димитров го пронајде Рикардињо во шеснаесетникот, а напаѓачот му асистираше на Велтон, кој го совлада Иљази.

Во првата минута од продолжението Кристијан Димитров го спаси Левски од сигурен гол. Реналдо Цефас излезе сам пред голманот Андреев, го лобуваше, но Димитров во последен момент на гол-линијата спречи да влезе во голот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести