Екипата на Шкупи ја слави титулата на четири кола до крајот од првата македонска фудбалска лига.
Тимот од Чаир со победата од 2:0 над Ренова во 29-то коло на свој терен, ги расчисти сите дилеми. Стрелец на првиот гол беше Сандеј Дамиларе во 81-та минута, додека печат на победата стави Чуевен да Силва во судиското продолжение.
Интересна ќе биде борбата за второто место, откако Академија Пандев вчера, односно Шкендија денеска против Македонија ЃП славеше со 3:1, а двата тима ги делат само два бода.
Во втората лига, пак, Вардар оствари пирова победа над Беса од 1:0 а стрелец на единствениот гол беше Ерен Парталко.
Но, Воска спорт со убедливи 0:3 славеше на гостински терен кај Тетекс, и со тоа дојде до 55-от бод, додека Вардар има 59, на три кола до крај во втората лига – Запад.
ПРВА ЛИГА
Шкендија – Македонија ЃП 3:1
Шкупи – Ренова 1:0
Струга – Пелистер 4:0
Тиквеш – Борец 4:0