11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Шкупи конечно освои бод, Брера во финишот од пенал се спаси од пораз

Двата саботни натпревари од Првата фудбалска лига на Македонија завршија со идентичен резултат (1-1) и поделба на бодовите.

„Фенерџијата“ Шкупи конечно, дури во деветтото коло, го освои првиот бод и тоа против претпоследниот Работнички. Мечот кој се играше во Струга поради суспензијата на стадионот „Чаир“ заврши 1-1, откако условно домашните имаа водство од 1-0 на полувремето со голот на Шуку во 25-тата минута, а Работнички израмни во второто полувреме, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Возбудливо беше и на мечот во Струмица, каде Брера и Башкими ремизираа 1-1. Гостите од Куманово имаа водство од првото полувреме со голот на Аворнио, а струмичани израмнија со гол од пенал во 89-тата минута на Ндезенге.

- Оглас -

Најнови вести