Шкупи може да жали што не води против Динамо

Тврдо, но разиграно прво полувреме без голови во режија на Шкупи и Динамо Загреб во реванш-дуелот кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цефас можеше да биде херој за скопскиот состав, но неговиот обид во 41-вата минута заврши блиску до десниот дирек на Ливаковиќ. Претходно Марвелашвили со одличен скок при прекин можеше да ја затресе мрежата на Хрватите, но топката мина над гредата од противничкиот гол.

Двете екипи имаа свои шанси за да го скршат мразот за прв погодок, засега расположените Наумовски и Ливаковиќ одолеваат на сите обиди. Петковиќ не искористи зицер-ситуација на истекот од полувремето, но домашната одбрана навремено реагираше.

Севкупно, избраниците на Седловски покажаа рамноправна борбеност во првото полувреме, не им дозволуваат на гостите од Загреб да воспостават статистичка контрола на теренот.

Во таков стил Шкупи треба да се продолжи и во остатокот од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести