Шкупи на Чаир донесе репрезентативец на Сенегал!

Во последните часови од зимскиот преоден рок, Шкупи објави дека во своит ередови носи уште едно засилување. Се работи за Мамаду Данфа, Сенегалец кој има само 20 години.

Данфа игра во офанзивниот ред, а доаѓа од екипата на Колос во Украина, а со Шкупи потпиша двегодишен договор. Новиот играч на Шкупи има три настапи за младата репрезентација на Сенегал, а има и еден настап за сениорскиот состав на репрезентацијата која пред неколку дена стана континентален првак на Африка.

Пристигнувањето на Данфа на „Чаир“ треба да биде во следните неколку дена и тој треба да биде големо засилување за Шкупи во трката за титулата во македонското првенство.

- Оглас -

Најнови вести