Шкупи објави дека се разделува со осуммина, меѓу нив се и двајцата голмани Наумовски и Јакимовски

Фудбалскиот клуб Шкупи објави дека се разделува со дури осуммина играчи. На некои им истекоа договорите и нема да им бидат обновени.

Голманот Кристијан Наумовски и Фреди Алварес одлучија да си одат уште пред крајот на сезоната, а договорите им истекоа на Владица Брдаровски, Џелил Абдула, Мелос Бајрами, Бесник Ферати и Пепи Георгиев. Во меѓувреме, спогодбено е раскинат договорот и со голманот Стефан Јакимовски, па и тој е слободен.

Тимот од денеска ги започнува подготовките за настап во квалификациите од Конференциската лига, а започна и фазата на разговори со фудбалерите кои треба да ги засилат редовите на Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести