Македонскиот првак Шкупи има одличен резултат 2:2 пред реваншот против Динамо Загреб и се надева дека на 26 јули со помош на публиката во Скопје ќе успее да го елиминира хрватскиот гигант.
Чаирчани од денеска ќе ја почнат и продажбата на билети за мечот од второто квалификациско коло што ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“.
Билетите ќе чинат од 150 денари до 1.000 денари за ВИП местата на Северната трибина.
За ВИП ложа на Јужната трибина влезниците ќе чинат 300 денари.
Победникот од двомечот меѓу Шкупи и Динамо Загреб ќе игра со подобриот од двомечот Лудогорец – Шемрок во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Лудогорец го доби првиот дуел на свој терен со 3:0. Во случај Шкупи да го елиминира Динамо, тогаш ќе има сигурен настап во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА, а и осигурен финален плејоф во Лигата на Европа за место во една од групите во случај да загуби во следното квалификациско коло во ЛШ.