21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шкупи се засили со голман од Турција

Македонскиот прволигаш Шкупи продолжува да го засилува својот состав во зимскиот трансфер период, а најновото име е турскиот голман Јавуз Ајгун.

28-годишниот голман доаѓа од Коњаспор, тим од турската Суперлига, а неговата кариера е богата со искуства од неколку познати турски клубови. Ајгун ја започна кариерата во Трабзонспор, истиот клуб каде што своите први чекори ги направи и неговиот нов соиграч Емир Јазичи.

Покрај Трабзонспор, Ајгун има настапувано за Гезтепе, Ордуспор, Болуспор и Караѓумрук, што го прави искусен голман со респектабилна професионална позадина, подготвен да се соочи со предизвиците во македонската Прва лига.

Шкупи потпиша договор со Ајгун до летото 2026 година.


Тимот од Чаир денеска официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Првата фаза ќе ја одработи во Скопје, а потоа ќе замине на подготовки во Анталија.

- Оглас -

Најнови вести