Шкупи со нов тренер ја совлада Брера, Кожуф е нов лидер на втората лига

Шкупи ја совлада Брера Струмица со 1-0, и со тоа чаирчани му подарија победа на новиот тренер Младен Жижовиќ. Стрелец на голот беше Луан Абази.

Сега Шкупи има 12 бода од седум кола, еден помалку од струмичани кои тргнаа со четири победи по ред, но од тогаш во три кола освојуваат само еден бод. Останатите дуели од првата лига се играат утре.

Во втората лига се одиграа две дербија.

Детонит Плачковица ја победи досега непогрешливата Беса со 2-0, па Беса е симната од врвот, сега прв е Кожуф кој со 3-2 го надигра Пелистер, и гевгеличани се единствени со максимални 15 бода од пет кола.

 

- Оглас -

Најнови вести