Поранешниот македонски шампион Шкупи денеска официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, по катастрофалната есен во која чаирчани завршија на самото дно на табелата. Како што и се најавуваше, тимот тргнува во нов обид да ја одигра сезоната до крај на што е можно подостоинствен начин.
Иако шансите за опстанок во Првата лига се минимални и клубот веќе е пред неминовна преселба во понизок ранг, во Чаир сакаат професионално да го приведат шампионатот до крај.
Новата ера ја предводи тренерот Еркан Мурсели, кој го презеде кормилото по заминувањето на Минас Османи.
Мурсели во својата кариера веќе има искуство во македонскиот фудбал, откако во минатото беше дел од клупата на Шкендија Арачиново.

