Шкупи со пет гола во својата мрежа си заминува од Струга

Струга Трим Лум без никакви проблеми со 5:0 славеше над Шкупи во меч од 22 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа Струга само се зацврсти на третото место на табелата, а Шкупи останува закован на дното со само еден бод.

Домаќинот уште во седмата минута дојде во водство со голот на Малески, а во последните моменти од првиот дел погоди и Шабани за 2:0.

Во второто полувреме домаќините придолжија да напаѓаат, постигнаа уште три гола и на крајот убедливо со 5:0 го испратија Шкупи кон Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести