Шкупи со подвигот на „Максимир“ ги стопи квотите за реваншот, но пак се одлични за нова сензација и елиминација на Динамо (Фото)

Шкупи беше тотален аутсајдер во Загреб против Динамо, а сепак успеа да дојде до одличен резултат 2:2, но и тогаш како и сега пред реваншот е аутсајдер според квотите за пробив во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Sport Life веќе ги објави коефициентите за реваншот што ќе се игра утре од 21 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје и за сите што се убедени дека Шкупи ќе го елиминира Динамо, квотите се многу добри.

За победа на чаирчани понудата во Sport Life е 9.35, секако многу помала од двојката што беше понудена за мечот на „Максимир“, а беше со квота 26.

Ремито тогаш беше точно коефициент 8 и донесе одлична заработка на сите што одиграа дека првиот меч ќе заврши нерешено.

Сега за „нулата“ се нуди коефициент од 4.95, а за триумф на Динамо и пласман понатаму на фаворитот квотата е 1.37.

Вкупната понуда на Sport Life само за овој меч содржи 563 различни игри, што е предизвик да се одигра варијанта по сопствен избор за сингл уплата или на тикет со повеќе натпревари.

- Оглас -

Најнови вести