Шкупи стана есенски првак во најчудното коло во Македонија

Шкупи успеа да го победи Скопје во Автокоманда со 3:1 и ја освои есенската титула во Првата македонска лига, а денеска се играше едно од најчудните кола во нашето најквалитетно фудбалско првенство.

На пет меча имаше 9 гола и дури шест црвени картони. Токму на мечот во Автокоманда имаше две исклучувања, а Скопје заврши со 9 играчи, откако црвени картони добија Јола Зепата и Дино Најдоски.

Алварес со два гола и Сенгор со еден погодок го решија мечот во корист на лидерот и есенски првак Шкупи, а Филип Стојановски го постигна почесниот погодок за домаќините.

Актуелниот првак Шкендија не дозволи изненадување, иако губеше од фенерџијата Пелистер со 0:1 по првиот дел. Виктор Јуфо, кој е поранешен играч на Шкендија постигна еврогол во финишот на првиот дел за битолчани, но домаќините направија пресврт и победија со 2:1. И на овој меч имаше црвен картон за гостите од Битола.

Академија Пандев и Брегалница одиграа меч без голови, но и со по едно исклучување на двете страни.

Единствен меч на кој немаше исклучување е дуелот меѓу Струга и Тиквеш што заврши исто така без голови, а Македонија Ѓорче Петров издржа без пораз во Велес, иако играше со фудбалер помалку од 75. минута, а мечот заврши нерешено, 1:1.

Резултати: Скопје – Шкупи 1:3, Шкендија – Пелистер 2:1, Борец – Македонија Ѓ.П. 1:1, Академија Пандев – Брегалница 0:0, Струга – Тиквеш 0:0. Вчера: Работнички – Ренова 0:0.

Табела: Шкупи 38, Академија Пандев 32, Шкендија 30, Ренова и Брегалница по 26, Струга 23, Македонија Ѓ.П. 21, Работнички 19, Скопје 17, Тиквеш 14, Борец 9, Пелистер 5.  

 

- Оглас -

Најнови вести