Берат Устабаши со голови во 89-та и 92-ра минута, му донесе победа на Шкупи на гостувањето кај Работнички, откако домашните поведоа во 84 минута со гол на Баже Илиоски кој до неодамна играше за чаирскиот клуб. Овој резултат значеше дека Шкупи оди во квалификациите од Лига Европа, а Работнички заврши седми и извиси во последен момент.
Македонија Ѓорче Петров ја совлада Победа и финалистот во домашниот куп ќе игра во квалификациите од ЛЕ доколку остане забраната за Вардар. Покрај чаирчани и „лавовите“, излез во Европа обезбеди и Академија Пандев, губитниците се Работнички, па и Ренова. „Гипсарите“ славеа против првакот Шкендија, но им требаше и кикс на ѓорчепетровци, а тоа не се случи.
Силекс ќе игра бараж за опстанок, во квалификациите за Лигата на шампионит оди Шкендија, а испаднаа Беласица и Победа.
Резултати, 36. коло: Работнички – Шкупи 1-2, Победа – Македонија Ѓ.П. 1-3, Академија Пандев – Вардар 1-1, Ренова – Шкендија 3-2, Силекс – Беласица 2-1.
Табела: Шкендија 79, Вардар 64, Академија Пандев 58, Шкупи 48, Македонија Ѓ.П. и Ренова по 47, Работнички 46, Силекс 44, Беласица 38, Победа 23.