Фудбалерите на Шкупи имаат водство од 0:3 по првото полувреме на гостувањето во Литванија против Хегелман во првиот меч од квалификациите за пласман во Лигата на конференции.
Иако во Шкупи негодуваа поради неможноста Хамиди да добие виза и да настапи на денешниот натпревар, македонскиот вицешампион уште во првото полувреме покажаа кој е фаворит за пласман во следната рунда.
Цефас во 11-та минута на асистенција на Дуду го отвори резултатот, а на средина од првиот дел, Куевен зголеми на 2:0. Третиот гол за Шкупи во првиот дел, го постигна Џефас во 46-та минута.