Мауро Икарди се сели во Париз и ќе биде играч на Пари Сен Жермен, кој добива големо засилување во последните моменти од летниот преоден рок. Или, како што стојат работите, трансферот на напаѓачот на Интер во ПСЖ ќе биде шлагот на тортата во последниот ден од трансфер-пазарот.
Икарди, но и Интер долго калкулираа со понудите, а одличниот стрелец и напаѓач објави дека не сака да остане во редовите на Нераѕурите, кои го купија Ромелу Лукаку како замена.
Имаше понуди од Наполи, шпекулации дека ќе се пресели во Торино, во редовите на Јувентус, потоа се говореше и за преселба во Англија, но на крајот испадна дека ќе игра во Франција.
Интер го купи од Сампдорија во 2013 година, а Мауро блескаше во Милано со 111 голови на 188 натпревари, што го направи да биде еден од најатрактивните напаѓачи што игра на Стариот Континент.